
QUICHE LORRAINE
За тестото:
• 300 g брашно
•2 јајца
• 150 g путер
• ½ кафена лажичка сол
• Малку црн пипер
• 1 прстофат мушкатов орев
Прелив:
• 150 g рендано сирење
• 200 g варена шунка или посна сланина
•2 јајца
• 250 g кисела павлака
• Сол, црн пипер и мушкатов орев
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини во чинија за мешање и измешајте
до изедначено тесто. Оставете го тестото на ладно место неколку часа.
Потоа развлечете го тестото и ставете го во подмачкан (28 cm) црн плех
за печење. Избоцкајте го дното со вилушка. Распоредете ја сланината
врз тестото. За да го направите филот, измешајте ги јајцата, киселата
павлака и зачините заедно. Потоа додадете го сирењето. Сипете го
филот врз сланината.
LASAGNE
Сос со месо:
• 100 g прошарано свинско шкембе
• 1 кромид и 1 морков
• 100 g целер
• 2 супени лажици маслиново масло
• 400 g мелено месо
• 100 ml супа од месо
• 1 мала конзерва домати, на парчиња (околу 400 g)
• Оригано, темјан, сол и црн пипер
• 3 супени лажици путер
• 250 g зелени листови за лазања
• 50 g пармезан, рендан
• 150 g рендан ементалер
Бешамел сос:
• 75g путер
• 50g брашно
• 500 ml млеко
• Сол, црн пипер и мушкатов орев
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората и ’рскавицата од свинското и ситно
исечкајте го на коцки. Излупете ги кромидот и морковот, исчистете го
целерот, па исечкајте го сиот зеленчук на ситни коцки. Загрејте го маслото
во тепсија, и мешајќи, запржете ги свинското и зеленчукот. Постепено
Употреби, табели и совети
29
Comentários a estes Manuais